Тухел: Кој сум јас, да им кажувам на играчите да се вакцинираат

Томас Тухел се соочи со сериозен проблем пред утрешниот дуел со Јувентус откако стратегот на Челси поради коронавирус остана без помошта на Нголо Канте.

Французинот беше позитивен на последното тестирање и остана во самоизолација во Лондон, претходно Челси имаше уште неколку случаи на Covid-19 во своите редови, но Тухел нема намера да ги тера своите фудбалери да се вакцинираат.

„Јас сум вакциниран, имам свој личен став зад кој стојам, но тоа не значи дека треба да зборувам во нечие друго име. Фудбалерите се возрасни личности и самите решаваат за своите постапки. Кој сум јас да им кажувам дека мора да се вакцинираат“, изјави Тухел.

Се вчитува...