Тухел: Конкуренцијата ќе биде никогаш поголема за освојување на ЛШ

Менаџерот на актуелниот европски шампион Челси, Томас Тухел изјави дека конкуренцијата ќе биден никогаш поголема сезонава во Лигата на шампионите.

„Има многу тимови кои можат да ја освојат Лигата на шампионите сезонава. На крајот ќе биде потребна и среќа и моментумот. Натпреварувањето ќе биде многу израмнето. Можеби бевме изненадување минатата сезона, но нашата титула не беше незаслужена. Почнуваме од нула, без бодови и без голови. Сите имаат исти шанси“, изјави Тухел. 

Актуелниот клупски европски шампион денеска ја стартуваат одбраната на титулата со мечот против Зенит. Во Х групата покрај Челси и Зенит се наоѓаат уште и Јувентус и Малме.

Се вчитува...