Тухел крена раце: Честитки до Баер Леверкузен за титулата!

Ниту тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел повеќе нема надеж дека работите може драстично да се сменат, и неговиот тим да дојде до титулата во Бундеслигата.

Тој вечерва по мечот со Борусија Дортмунд и поразот од 0-2 на домашен терен, му честиташе на Баер Леверкузен за титулата. Предноста е сега 13 бодови, на седум кола до крајот на првенството.

„Честитки за Баер Леверкузен. Битката за титулата е готова“, рече Тухел.

Сега на Баерн му останува да се бори и за второто место, а ривал им е тимот на Штутгарт, кој доколку победи, ќе му се доближи само на бод.

Се вчитува...