Тухел: Мбапе треба да научи да си ги почитува соиграчите

Томас Тухел сериозно ризикува уште повеќе да го продлабочи конфликтот со Килијан Мбапе, откако тренерот на ПСЖ јавно го критикуваше францускиот голгетер за односот при замената на гостувањето во Монпелје. Мбапе тогаш одби да се поздрави со тренерот, кој реши да го замени во последната минута од мечот, што според Тухел не значи не почитување кон него, туку и кон соиграчите.

„Не би рекол дека Мбапе е тежок карактер, но дефинитивно има уникатен менталитет. Нормално е да сака секогаш да победува, но мора да научи да прифаќа кога ќе биде заменет. Тоа значи и почит кон соиграчите кои влегуваат на негово место, како Чупо Мотинг, нешто што ќе мора да го научи за во иднина“ – изјави Тухел.

„Светците“ утре ќе го пречекаат Галатасарај во својот последен меч од ЛШ, но Тухел сигурно ќе експериментира со составот бидејќи ПСЖ на едно коло до крајот веќе си го осигура првото место во групата.

Се вчитува...