Тухел: Мене нема да ми се повторат караниците Нејмар – Кавани

ПСЖ има многу ѕвезди во своите редови, но главниот конфликт лани се случи меѓу Нејмар и Единсон Кавани, кога двајцата голгетери се скараа околу тоа кој да го изведе пеналот на дерби дуелот со Лион. Потоа тренерот Емери реагираше, но нарушените односи продолжија низ текот на целата сезона. Се шпекулираше и дека Кавани поради тоа ќе мора да си замине, но новиот тренер Томас Тухел успеа да го убеди Уругваецот да го продолжи својот престој на „Паркот на принцовите“.

Воедно, германскиот стратег е убеден дека нема да има проблеми слични на оние со кои се соочи неговиот претходник.

„Не може да се кажува кој ќе шутира пенал половина час пред натпревар, тоа создава проблем и тензија непосредно пред средбите. Ќе седнеме и ќе разговараме, знам дека тоа ќе биде решено, нема да ми се повторат проблемите околу пеналите. Никогаш не сум имал таков проблем, нема да имам ниту во ПСЖ“ – дециден е Тухел.

Се вчитува...