Тухел може да здивне: Двајца стартери се „фит“ за Порто

Томас Тухел и фановите на Челси можаат да здивнат по позитивната вест од лекарскиот тим, дека Нголо Канте и Кристијан Пулишиќ се „фит“ за да настапат на утрешниот дуел од Лигата на Шампионите против Порто.

Канте се повреди при настап за француската репрезентација и не беше во тимот на саботниот дуел со ВБА што Челси го загуби. Пулишиќ беше стартер на тој меч, но американскиот репрезентативец се повреди при загревањето пред второто полувреме, па мораше да биде заменет.

Двајцата првотимци беа во трка со времето, но успеаја да излезат како победници, па се очекува да се појават од првата минута на дуелот со Порто.

Двете средби меѓу Челси и Порто ќе се играат на неутрален терен, на стадионот „Санчез Пизхуан“ во Севилја.

Се вчитува...