Тухел: Немам никакво објаснување за овој пораз, трката за титула не е завршена

Баерн Минхен во 33. коло во Бундеслигата, загуби 3-1 од Лајпциг и сега титулата патува кон Дортмунд. Борусија утре ако го совлада Аугзбург, ќе се стекне со предност од два бода пред „Баварците“, пред последното коло во кое Борусија на свој терен го чека Мајнц, а Баерн гостува во Келн.

Томас Тухел стравува дека после само неколку месеци ќе ја загуби титулата во Бундеслигата, откако го загуби и Купот на Германија и Лигата на шампионите.

„Заслужен пораз. Мора да се реагира поинаку ако сакате да го добиете мечот. Добро влеговме во натпреварот, па застанавме после 30 минути, и во второто полувреме. Не знам, немам објаснување како нешто вакво може да се случи“, рече Тухел и додаде:

„Дали Лајпциг беше подобар? Зависи од ситници. Кога веќе губам, сакам да загубам од тим кој е во подобра форма тој ден, а не затоа што играта ни бега од раце“, изјави Тухел кој кажа дека нема да го гледа натпреварот против Борусија Дортмунд.

„Не би го гледал тој натпревар и да победевме. Ќе ја погледнам кога ќе можам. Меѓутоа Борусија Дортмунд треба двапати да победи, пред ние да им ја дадеме титулата. Ако победат, ќе им честитаме“, изјави Тухел.

Се вчитува...