Тухел: Никого не го интересираше натпреварот со Брајтон, се зборуваше само за Суперлигата

Со ремито без голови против Брајтон, Челси испушти шанса да се искачи на третата позиција на табелата во Премиерлигата.

По разочарувачкиот натпревар на „Стемфорд Бриџ“, тренерот на „сините“, Томас Тухел оправдувањето во лошата изведба на своите фудаблери ја најде во создавањето на Суперлигата.

„Не сум задоволен со резултатот, никој не е. Можеби причината е тоа што не успеавме најдобро да се припремиме. Работите на натпреварот, а никој за истиот не збори. Многу ме погодија случувањата со Суперлигата, а верувам дека така е и со фудбалерите, никој не го интересираше натпреварот. Пробавме да направиме атмосфера, да победиме, но не успеавме. Бевме психички уморни. Ова е можеби првиот натпревар откако јас сум тренер, а да не заслуживме да победиме“, изјави Тухел.

 

Се вчитува...