Тухел од управата на ПСЖ бара две нови засилувања во јануари

Тренерот на Пари Сен Жермен, Томас Тухел бара од управата на клубот нови засилувања во зимскиот преоден рок, како би имал поголем ростер за клучните натпревари во вториот дел од сезоната.

Иако, ПСЖ игра добро сезонава, прв е на табелата во Лига 1, а се наоѓа и на врвот во групата во Лигата на шампионите, сепак Германецот смета дека му се потребни нови засилувања. Тој од управата бара да се донесе полскиот интернационалец од Борусија Дортмунд Лукаш Пишчек на кого договорот со „милионерите“ му истекува на крајот на сезоната.

Вториот пик е Емре Џан од Јувентус кој е незадоволен од минутажата во „старата дама“ и сака да замине од клубот.

Се вчитува...