Тухел: Одиме на победа против Манчестер Јунајтед

Последното коло од групната фаза во Лигата на Шампионите носи спектакл на „Олд Трафорд“ каде силите ќе си ги одмерат Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен, двата европски великани во натпревар во кој германскиот тим резултатски влегува растеретено, а на англискиот му е и повеќе од потребна победа.

Но, и покрај тоа што веќе е осигуран пласманот во следната фаза тренерот на баварците, Томас Тухел на денешната пресконференција за медиуми изјави дека неговиот тим оди по победа во Манчестер.

„Можам да разберам дека на луѓето им изгледаше дека против Копенхаген не игравме на највисоко ниво бидејќи веќе осигуравме место во следната фаза, но не беше така. Кога го носите дресот на Баерн Минхен се однесувате како шампион бидејќи сте шампион. Имаме свои цели, имаме одличен биланс и состојба. Манчестер Јунајтед ќе се обиде да даде се од себе, но ќе дадеме и ние. Понекогаш помалку притисок значи помал стрес, но ветувам дека ќе се однесуваме како шампиони“, изјави Тухел.

Се вчитува...