Тухел по ‘инцидентот’ со предупредување до Мбапе: Моите одлуки мора да се почитуваат!

ПСЖ вечерва го пречекува Галатасарај во последното коло од Лигата на шампионите, во резултатски безначаен натпревар за нив откако веќе го обезбедија првото место во групата.

Но, пред овој дуел тренерот Томас Тухел се осврна и на инцидентот од изминатиов викенд кој го имаше со Килијан Мбапе во победата од 3-1 против Монпелје. Тухел се одлучи во 91. минута да го извади од игра младиот напаѓач, но на Мбапе тоа не му се допадна и додека Германецот му го објаснуваше својот потег тој ингнорантски си замина кон клупата.

„Има посебен начин на размислување. Кога освојувате трофеи и го имате неговиот талент, не сакате да бидете заменети, но тој мора да ги почитува моите одлуки и да покаже почит кон играчите кои го менуваат“ – изјави Тухел на прес-конференцијата во пресрет на дуелот со Галатасарај, притоа истакнувајќи дека брзо го заборавил тој инцидент со Мбапе и дека тоа не го сфатил лично.

Се вчитува...