Тухел по обезбеденото финале во ЛШ: Сега не е време за критики…

Челси потполно заслужено го елиминираше Реал Мадрид во полуфиналето од Лигата на шампионите, славејќи со 2-0 на реванш дуелот во Лондон.

Тренерот на Реал, Зинедин Зидан, на реваншот во Лондон во игра пушти фудбалери неподготвени, како Азар, Менди и Рамос, па играта на кралскиот тим беше далеку под нивото. Да беа стрелците на тимот на Тухел расположени, Реал можеше дополнително да настрада на „Стемфорд бриџ“.

„Заслуживме победа. Во првото полувреме ни беше тешко затоа што имаа посед на топка и ни создаваа проблеми. Сепак, бевме опасни во контранападите и не ги губевме линиите во одбраната. Во продолжението уште подобро заигравме одбрана, а во нападот бевме фантастични. Требаше да постигнеме уште неколку голови и порано да го осигураме финалето, но 2-0 секако е одлично. Сега не е време за критика. Ова е фантастично постигнување и сите честитки за моите играчи“ – истакна Томас Тухел по победата над Реал Мадрид.

Се вчитува...