Тухел под никогаш поголем притисок: Заминува од клупата на ПСЖ?

Томас Тухел се соочува со никогаш поголем притисок за задржување на тренерската функција во ПСЖ, пренесува „Л’Екип“.

Младиот стратег на клупата на актуелниот шампион на Франција е од пред нешто повеќе од една година, а треба да ја зачува до крајот на сезоната. Но, прашање е дали ќе успее?

„Л’Екип“ пренесува дека при првата лоша серија резултати, кога и да се случи, Тухел ќе биде сменет. И покрај тоа што се лидери во француското првенство, и групната фаза од ЛШ ја завршија на првата позиција Тухел не ужива голема доверба на раководството кое само чека негов следен кикс.

ПСЖ утре ќе го дознае противникот во осминафиналето од ЛШ. Токму таа фаза од натпреварувањето може да биде клучна за Германецот.

Се вчитува...