Тухел претпазлив: Нема да биде лесно, Аталанта цело време напаѓа

ПСЖ на хартија важи за голем фаворит во четвртфиналниот дуел од ЛШ против Аталанта, но тренерот Томас Тухел повика на претпазливост, потсетувајќи дека италијанскиот тим игра извонреден офанзивен фудбал.

Добивме компликуван противник. Аталанта е тим што цело време напаѓа, постигнува многу голови и ќе мора добро да се подготвиме за да го запреме тимот од Бергамо. Имаме доволно време да влеземе во ритам и да го анализираме противникот“, изјави Тухел по ждрепката.

Голем проблем за францускиот првак е фактот дека овој тим нема одиграно натпревар уште од март, додека Аталанта ќе биде во одлична натпреварувачка форма бидејќи ќе игра во Калчо-лигата до крајот на јули.

И традицијата е против ПСЖ, „светците“ ниту еднаш во својата историја немаат победено екипа од Италија во Лигата на Шампионите. ПСЖ ги загуби двете средби со Милан во полуфиналето во 1995 година, а ремизираше на преостанатите четири дуели со ривали од Апенинскиот полуостров, две против Милан во 2000 и две против Наполи во 2018 година.

Се вчитува...