Тухел првпат се сретна со Абрамович и веднаш се пошегува: Лош момент за средба, од тука може само полошо…

Томас Тухел по триумфот во финалето од Лигата на шампионите ја имаше првата средба со сопственикот на Челси, Роман Абрамович кој годиниве се помалку е присутен на натпреварите во живо на својот тим.

На церемонијата на доделување на медалите Абрамович дојде до фудбалерите и стручниот штаб честитајќи му на Тухел кој се пошегува дека ова било најлошиот момент за прва средба, затоа што по освојувањето на Лигата на шампионите кога се достигнува врвот понатаму може да биде само полошо.

„Не знам дали ова беше најдобар или можеби најлош момент за прва средба со сопственикот затоа што од тука натаму може само полошо. Се договоривме да зборуваме повторно, и да остане гладни за нови трофеи. Јас лично сакам уште титули, амбициозен сум и така ќе продолжам“ – истакна Тухел, притоа дополнувајќи:

„Фудбалерите силно го посакуваа овој трофеј. Максимално одговоривме на предизвикот Лига на шампиони. Пресреќен сум што дојдов вторпат до финалето, со тоа што овој пат некако чувствував дека сум блиску до трофејот“.

Се вчитува...