Тухел: ПСЖ може без Мбапе и без Нејмар

Тренерот на Пари Сен Жермен, Томас Тухел изјави дека сака Нејмар и Килијан Мбапе да го носат дресот на тимот од Париз и следната сезона, но дека неговиот тим ќе најде решение и доколку си заминат.

„Да, сакам да останат во клубот. Меѓутоа ние сме внимателни и не сме наивни. Многу клубови сакаат да ги ангажираат, но ја сакам тие двајца да бидат во клубот и следанта сезона. Ако од некоја причина заминат, ќе се снајдеме и без нив“, изјави Тухел. 

Нејмар со „светците“ има договор до 2022 година, а Мбапе до 2023. За двата фудбалери најзаинтересирани се од Реал Мадрид, кој по очајната сезона сака да направи нов ѕвезден тим како би ја вратил доминацијата во европскиот фудбал.

Се вчитува...