Тухел сака да се ослободи од Нејмар

Томас Тухел не го сака Нејмар во Пари Сен Жермен. Тренерот за ова го информирал сопственикот и инсистирал на продажба. ПСЖ преферира да го продаде во Реал Мадрид додека Бразилецот инистира на враќање во Барселона.

Каталонскиот клуб ја најави следната недела како клучна во операцијата Нејмар. Барселона ќе ја активира и откупната клузула за Антоан Гризман, но се соочува со намалена ликвидност и мора да зема кредити за да ги купи двајцата играчи.

Нејмар не се појавува на тренинзите на ПСЖ. Клубот го казни парично со 375.000 евра активирајќи ја „клаузулата за морално однeсување“.

 

 

 

Се вчитува...