Тухел се премисли: Наместо Боатенг, потпишан Керер од Шалке

ПСЖ се засили со германски дефанзивец, но тоа нема да биде Џером Боатенг како што се очекуваше по преговорите со Баерн Минхен. Тренерот Томас Тухел во последен момент го променил својот став, што придонело „светците“ да ги прекинат преговорите за Боатенг, а веднаш потоа да го комплетираат трансферот на Тило Керер од Шалке вреден 37 милиони евра.

Самата сума доволно говори дека стратегот на ПСЖ има високо мислење за Керер, кој во следните неколку дека ќе ја комплетира преселбата на „Паркот на принцовите“, откако и Шалке потврди дека понудата на „светците“ е прифатена.

„Наша цел беше Керер да остане во тимот, но економската димензија, висината на понудата што ја добивме придонесе да го промениме ставот“ – изјави директорот на Шалке, Кристијан Хајдел.

 

Се вчитува...