Тухел: Сезоната е разочарувачка, но сега имаме една цел – трофејот во ЛШ

Томас Тухел, тренерот на Баерн Минхен истакна разочараност што неговиот тим не е повеќе во игра за титулата во Бундеслигата. После поразот од Борусија Дортмунд, тренерот на „Баварците“ му ја честиташе титуалата на Баер Леверкузен, кој претходно победи и со тоа побегна на 13 бодови.

Но, Тухел сега бара од неговата екипа да остане фокусирана кон крајната цел, а тоа е трофејот во ЛШ, натпреварување кое единствено му преостана на најтрофејниот германски тим.

„Сите сакавме поинаков резултат против Дортмунд, и поради тоа бевме нервозни и од играта и од резултатот. Имаме доволно причини да бидеме. Затоа треба да се пресметаме со самите себе. За нас е важно да го достигнеме ниво, и да покажеме реакција. Против Хаденхајм ќе гледаме меч меѓу Давид и голијат, емотивен стадион на кој домашните ќе ја имаат поддршката. Сепак, колку и сезоната да ние разочарувачка, имаме една цел – како да стигнеме до Вембли и финалето во ЛШ. Мораме да даваме се од себе. Не сме задоволни од ситуацијата, но ќе направиме се да извлечеме максимум“, рече Тухел.

Се вчитува...