Тухел си игра со оган – нов пораз на ПСЖ

ПСЖ ја има осигурано титулата во француското првенство, но челниците на клубот и навивачите со право се загрижени откако „светците“ влегоа во „црна серија“. По катастрофалниот пораз од 5-1 на гостувањето во Лил денеска ПСЖ претрпе нов пораз, овојпат од Нант со 3-2.

Отсуството на бројни првотимци не смее да биде изговор, особено откако тренерот Тухел реши да си игра со оган и да го отстрани од тимот Мбапе поради критиките по поразот од Лил. Тоа сериозно се одрази врз изданието на денешниот меч, на кој ПСЖ поведе со евроголот на Дани Алвеш, пред Нант да даде три гола во низа и да ја осигура победата.

Конечните 3-2 во самиот финиш ги постави младиот Гуклу.

Се вчитува...