Тухел: Сите сакаат да бидат тренери после завршен натпревар

Пари Сен Жермен доживеа непријатен пораз (0-2) од Реимс на „Паркот на принцовите“, втор во првите седум кола од шампионатот, прв на домашен терен по серија од дури 44 мечеви. По него, критики за тренерот Томас Тухел, на кои тој одговори на соодветен начин.

„Сите сакаат да бидат тренери после завршен натпревар. Ја преземам потполно одговорноста за овој пораз. Не бевме на потребното ниво, Реимс беше многу поблиску до своето најдобро издание. Стојам зад сите одлуки кои ги презедов околу изборот на фудбалерите и нема воопшто да се жалам. Одигравме многу под очекувањата и нашите можности и ќе се потрудиме да бидеме подобри веќе на наредниот меч“, изјави Томас Тухел.

ПСЖ со 15 бода се наоѓа на врвот на табелата во француското првенство, заедно со Анже.

Се вчитува...