Селекторот на Англија , Томас Тухел, им испрати јасна порака на своите ѕвездени играчи дека трката за место во составот за Светското првенство е отворена и на ниту еден играч не му е загарантирано место, објави печатот на Островот. Последните два кампа на „Трите лава“ ги пропуштија играчи како Џуд Белингам , Џек Грилиш , Фил Фоден и Кол Палмер од различни причини, а германскиот селектор на својата прес-конференција објави дека оние што ги повикал добро си ја завршиле работата и заслужуваат повторно да бидат меѓу повиканите.
Англија ја победи Андора на Вембли и постигна импресивен успех со пет гола разлика на гостувањето кај Србија во септември, а само пред неколку дена го победија Велс во пријателски натпревар. Во тие натпревари, играчи како Морган Роџерс и Елиот Андерсон добија големи шанси , а самиот Тухел призна дека разговарал по телефон со Белингам, кој сакал да биде дел од тимот, но не бил повикан и останал во Мадрид .
„Во моментов станува збор само за играчите кои се во камп со нас. Тоа е нашиот фокус. Вратата е отворена за секој што може да придонесе, конкуренцијата за позициите е отворена“, изјави Тухел.
Медиумите во Англија пишуваат дека Тухел не само што сака да ги прошири опциите пред Мундијалот идната година, туку и да им порача на ѕвездите дека ќе мора да се вклопат во тимот, и дека немаат загарантирано место во селекцијата. Германецот е убеден дека пристапот кон градење силен тимски дух може да им го донесе успехот на „Трите лава“, а тоа е трофеј од идното Светско првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

