Тухел: Верувам дека е право време да се покажеме во најдобро светло, не верувам дека УЕФА ќе се одмаздува

Првото полуфинале во Лигата на Шампионите носи големо воздувуање во главниот град на Шпанија каде силите ќе си ги одмерат Реал Мадрид и Челси од 21 часот.

Тренерот на „сините“ од Лондон верува во својот тим, вели дека оваа сезона неговиот состав одигра неколку блескави натпревари, а и доколку не се на врвот на формата истото можат да го надокнадат со добра игра во одбраната, но се на се ова е прав момент Челси да се покаже во најдоброто светло.

„Играме против најдобрите во Европа и до сега добро изгледавме против Атлетико, Ливерпул, Тотенхем… сега на ред е Реал. Со искуството кое го собравме и со единството кое не краси се надевам дека ќе пружиме добра партија во Мадрид бидејќи тоа е предуслов за да стигнеме до финале. Имам чувство дека на секој натпревар можеме да играме на високо ниво и доколку не успееме во тоа спосебни сме да го спречиме противникот да игра добро. Играчите се спремни да работат и да истрпат се. Ако мораат да трчаат – трчаат, ако треба да бидеме подобро позиционирани тоа и го правиме. Не можеме да очекуваме неверојатни работи, но имаме искуство и имавме тешки натпревари и верувам дека е време да се покажеме во најдобро светло“, изјави Тухел.

По пропаѓањето на Суперлигата во јавноста се појавија шпекулации од можна одмазда на УЕФА кон „дезертерите“, но тренерот на Челси вели дека има целосна доверба во судиите,

„Имам сто процентна доверба во судењето и УЕФА, на секој судија на ова ниво. Ни треба судење на врвно ниво, но верувам дека ќе го сработат тоа најдобро што можат. Не мислам дека постои предност или недостаток од тоа за политичка расправа. Тоа не ми паѓа на памет“, додаде Германецот.

 

Се вчитува...