Тунижаните во Франција „мераклии“ за обложување

По Амин Банур кој минатата недела доби суспензија од Шамбери, уште еден ракометен репрезентативец на Тунис ќе биде отпуштен од својот клуб од истата причина. Станува збор за десното крило на Монпелје, Ајмен Туми кој исто така е обвинет за нелегално обложување на ракоментни натпревари, иако, овие обложи не се поврзани со неговиот клуб.

Во официјалното соопштение од Монпелје потврдено е дека за Ајмен Туми сезоната е веќе завршена. Тунискиот репрезентативец кој во јануари доби повреда на Ахиловата тетива, следната недела ќе одговара пред Дисциплинската комисија на Француската ракометна федерација.

Се вчитува...