Тунижанката Жабер парите кои ќе ги заработи на завршниот турнир ќе ги донира за помош на Палестина

Финалистката на Вимблдон, Онс Жабер изјави дека дел од парите што ќе ги освои на ВТА финалето што се одржува во Канкун, ќе ги донира на жителите на Палестина.

По две кола, Жабер има скор 1-1, исто како и Американката Коко Гоф, додека Полјачката Ига Швјонтек обезбеди пласман во полуфиналето.

„Тешко е да се видат мали деца како умираат секој ден. Ми се крши срцето… Ова не е политичка порака, тоа е хуманизам. Сакам мир во светот“, изјави Жабер.

Тунижанката во третото коло ќе игра против Швјонтек, а и да победи не е сигурно дека ќе биде меѓу четирите најдобри бидејќи се ќе ќе зависи од исходот на мечот меѓу Гоф – Вондрушова.

Се вчитува...