Тур Д’ Франс: „Принцот од Велс“ крунисан за „Крал на Франција“

Велосипедистот на „Скај“, Џерејнт Томас е новиот шампион на престижната трка Тур Д’ Франс. Тој на денешната 21, последна етапa целта ја мина парадно, рамо до рамо со тимскиот партнер и лански победник, Крис Фрум, во поголема група велисипедисти кои заедно стигнаа на Елисејските полиња. Победник на завршната етапа беше Александер Кристоф.

Томас во генералниот пласман на годинешното издание на тринеделната трка зад себе ги остави Холанѓанецот Том Димулан и сонародникот Крис Фрум.

Велшкиот велисипедист е третиот Британец победник на Тур Д’ Франс, по Бредли Вигинс и Фрум. Британците доминираат на трката во последнава деценија, имаат шест победи на седумте последни изданија.

Во претходните четири години, титулата одеше кај Крис Фрум кој на Тур Д’ Франс дојде како победник на трите трки од Гранд – турнејата.

Се вчитува...