Турам претера со славјето – дали бакнежот ќе значи суспензија?

На Маркус Турам му се заканува суспензија од Бундес-лигата откако фудбалерот на Борусија Менхенгладбах премногу еуфорично го прослави денешниот гол на гостувањето против Ајнтрахт.

Турам, кој е син на прославениот француски дефанзивец Лилијан Турам, погоди за водство на својот тим од 0-2, најпрвин прославуваше од „безбедна дистанца“, но потоа за момент дозволи емоциите да го совладаат, па бакна еден од соиграчите за време на славјето.

Новиот безбедносен протокол предвидува казни за сите оние кои ќе бидат во контакт со соиграчи или ривали, со исклучок на дуелите на теренот, па јасно е дека Турам нема да може да избегне казна. Единствената дилема е дали тоа ќе биде парична казна, како прв ваков случај по коронавирусот, или пак на напаѓачот на Борусија ќе му биде изречена суспензија.

Се вчитува...