Турбуленции во Волфсбург: Караница помеѓу спортскиот директор и играч по елиминацијата од Кил

Германскиот Бундеслигаш Волфсбург минува низ тежок период. Тимот кој е на 12-то место на табелата во Германија, во последните пет кола има само една победа. Кризата дополнително се влоши со елиминицијата од Купот на Германија, откако тимот беше елиминиран од второлигашот Кил, што предизвика незадоволство во соблекувалната.

Голманот на тимот, Мариус Милер се истакнал и по елиминацијата од Купот, бил лут на соиграчите, по што во среда директорот Петер Кристијансен свикал состанок со играчите. Како што пренесува „Билд“, состанокот бил многу жесток, а размената на зборови меѓу Милер и Кристијансен вклучувала и неколку вулгарни изрази, со што некои од играчите биле изненадени.

„Разговарав со тимот и ги дадов моите забелешки. Дел од состанокот се однесуваше на изјавите ан Мариус Милер за мечот со Кил. Мариус и јас имаме слични ставови за ситуацијата. За мене беше важно да нагласам дека се што ќе каже да биде отворено и искрено дискитурано. Разговорот беше фер, коректен и транспарентен“, рече Кристијансен.

 

Се вчитува...