Турпан од Франција ќе суди во Палермо

Францускиот судија Клемен Турпан, еден од најдобрите судии во Европа, е назначен за главен арбитар на бараж натпреварот во Палермо меѓу Италија и Македонија, закажан за 24. март на стадионот „Ренцо Барбера“.

Негови помошници ќе бидат Никола Данос и Сирил Грингор. Четврти судија ќе биде Беноа Бастиен. За ВАС судии се назначени Жером Брисар, Авар Вили.

Турпан суди во најдобрата француска лига од 2008 година. Последен меч му беше пред пет дена меѓу Вест Хем и Севилја, а претходно ја делеше правдата во Минхен на мечот Баерн – Салцбург.

Се вчитува...