Турски фудбалер доби 14 години затвор поради убиство

Сезер Озтурк, поранешниот фудбалер на Бешикташ и Фенербахче, осуден е на 14 години и седум месеци затвор поради убиство на 24-годишно момче во близината на Истанбул. Инцидентот се случи минатата година, а до пукање дошло поради караница во сообраќај. Прво имало физичка пресметка, а потоа Озтурк седнал во автомобилот и пукал кон група на луѓе. Го убил 24-годишникот и избегал.

Уапсен е два месеци подоцна и тоа на границата со Грузија. Се сокрил во камион со приколка, и се обидел да избега, но граничната полиција го фатила.

Набрзо потоа се појавила снимка од несреќниот инцидент, откако се гледа како пензионираниот турски фудбалер излегува од својот автомобил и пука на група на луѓе. Јавниот обвинител барал дури 23 години затвор, но турскиот фудбалер се бранел со тоа дека пукал во самооодбрана, бидејќи му се заканувале.

Озтурк во кариерата играше за Баер Леверкузен, Нирнберг, а потоа во Турција во екипите на Манисаспор, Фенербахче, Бешикташ, Башакшехир и Ескишехирспор.

Се вчитува...