Турски репрезентативец горд на Роналдо – Со салутирање ме пречека на првиот тренинг во Јувентус

Турскиот фудбалски репрезентативец Мерих Демирал откри како по враќањето во Јувентус Кристијано Роналдо го пречекал со војнички поздрав. Доста прашина крена салутирањето на турските фудбалски репрезентативци по мечевите против Албанија и Франција во квалификациите за Европското првенство. На тој начин репрезентативците и оддадоа почит на турската војска за инвазијата на северниот дел на Сирија.

Нивниот поздрав наиде на многу критики, а дел од италијанската јавност побара од клубовите да ги отпуштат фудбалерите кои салутираа, а истиот проблем го имал и фудбалерот на Јувентус, Демирел. Сепак, Турчинот изјави дека по неговото враќање во Торино поддршка добил од првата ѕвезда на тимот, Кристијано Роналдо.

„Кога се вратив на тренинг ме дочека Роналдо со војнички поздрав. Бев изненаден, но многу горд“, изјави Демирал. 

Се вчитува...