Турција, Чешка и Португалија противници на македонските одбојкари во групата од Златната Европска лига

Македонската одбојкарска репрезентација во групниот сегмент од Златната Европска лига ќе се бори против селекциите на бранителот на трофејот, Турција, Чешка и на Португалија како дел од групата Ц. Првото место во оваа конкуренција води на завршниот турнир на четирите најдобри репрезентации.

Во оваа фаза од натпреварувањето средбите се играат дома и во годсите со секој од противниците. Првитое дуели се закажани за викендот 23-24, а последното коло е на 13-14 јуни. Ф4 турнирот е закажан за 20 и 21 јуни во Белгија.

Во другите две конкуренции се селекциите на Белгија, Словака, Шпанија и на романија во групата А и Холандија, Украина, Естонија и Белорусија во групата Б.

 

Се вчитува...