Турција не го знае противникот, но ги распродаде билетите за вториот бараж меч

Турција ги продаде сите билети за натпреварот во Коња, иако не го знае својот противник, како и тоа дали ќе биде финале или само меч за трето место во баражот за СП.

Мечот ќе се игра во Коња во вторник на 29. март, а противникот ќе биде или Италија или Македонија. Ако Турција ја победи Португалија во Порто, тогаш ќе игра финален меч со победникот од Италија – Македонија, за пласман на Мундијалот во Катар. Доколку загуби, тогаш ќе игра со поразениот од истиот меч, за трето место во баражот.

Стадионот „Бујукшехид Беледие“ во Коња е со капацитет од 42.276 гледачи и беше изграден во 2014 година.

Се вчитува...