Турција повторно до рутинска победа над Босна и Херцеговина

Одбојкарите на репрезентацијата на Турција стигнаа до втора рутинска победа против репрезентацијата на Босна и Херцеговина во квалификациите за Европското првенство во 2021 година.

На вториот турнир на кој домаќин е македонската репрезентација Турците, повторно со рутински 3-0 по сетови (25-9, 25-19 и 25-18) славеа над Босна и Херцеговина. Утре „спартанците“ ќе го одиграат вториот меч против Турција во квалификациите, откако првиот кој се играше во средата го загубивме со 3-1 во сетови.

Натпреварот во СЦ Борис Трајковски во Скопје е закажан за во 18 часот.

Се вчитува...