Турците го објавија списокот: Со двајца интернационалци против Македонија

Селекторот на турската ракометна репрезентација, Илкер Сентурк, го објави списокот од 18 ракометари на чии услуги ќе смета за завршните натпревари од квалификациите за ЕВРО 2020 против Македонија и Исланд. Тој повика само двајца интернационалци, и тоа Дорук Пеливан од Фиверс Виена и Чан Челеби од Нексе, повторно потпирајќи се на играчи од домашното првенство.

Турција во претходните две кола два пати ја совлада Грција, задржувајќи си ги шансите за пласман на ЕВРО 2020 како една од најдобрите третопласирани селекции. Македонија ќе му гостува на овој ривал на 12 јуни, откако во првиот меч во Битола нашиот национален тим забележа победа од 31-27.

„Црвено-жолтите“ треба да слават на двете последни квалификациски средби, против Турција и Грција, за да се задржат на првото место и да се најдат во подобра позиција во пресрет на ждребот на групите за ЕВРО 2020.

Се вчитува...