Турците категорични: Ферхан Хасани е во Истанбул на финални преговори со Галатасарај!?

Турските медиуми веќе на големо потенцираат дека досегашниот капитен на Шкендија, Ферхан Хасани од следнава сезона ќе биде нов член на турскиот гигант Галатасарај.

Хасани деновиве е во Истанбул, во друштво и на Неби Мустафи, а Турците категорично наведуваат дека е на Босфорот како би ги финализирал преговорите со Галатасарај за реализација на трансфер ова лето.

Македонскиот репрезентативец на крајот од сезоната го заврши договорот со Шкендија, па сега како слободен фудбалер би реализирал евентуален нов трансфер. Од редовите на тетовскиот клуб потенцираат дека ќе направат се Ферхан Хасани да остане и во следната сезона во црвено-црните редови.

Покрај Галатасарај, претходно интерес за ангажман на Хасани пројави и полскиот шампион Легија Варшава.

Во случај на заминување на Хасани од Тетово, Шкендија сериозно ќе се насочи кон засилување на своите редови со еден од најдобрите фудбалери во албанското првенство, нигерискиот репрезентативен Џејсон Адениџи од Скендербег.

Се вчитува...