Турците не се шегуваат – следен е Брахим Дијаз

Турските клубови се исклучително активни на пазарот ова лето и привлекуваат големи фудбалски имиња со огромни суми пари.

Фенербахче веќе го засили својот состав, Бешикташ е блиску до доведување на Мо Салах и Дарвин Нуњез, а го брка и Душан Влаховиќ, па затоа е ред на шампионот Галатасарај да реагира и да направи потег на трансфер пазарот.

Турските медиуми објавуваат дека Галатасарај направил потег за офанзивниот играч за врска на Реал Мадрид, Брахим Дијаз, и подготвува официјална понуда од околу 15 милиони евра, што е значително повеќе од претходно споменатата сума од 7,5 милиони.

Реал Мадрид, сепак, бара 25 милиони евра за мароканскиот репрезентативец, па разговорите меѓу двата клуба сè уште се во тек на оваа тема.

Самиот Дијаз наводно е отворен за преселба во клуб кој може да му гарантира поголема минутажа.

Се вчитува...