Турците веќе го знаат составот за дуелот со Вардар: Со Ван Перси, Валбуена, Исла…

Турскиот Фенербахче вчера во својата база во Истанбул го одработи последниот тренинг пред денешното доаѓање во Скопје на мегданот од последното квалификациско коло за Лигата на Европа против Вардар.

Па, веќе се сервира и почетниот состав на Фенербахче кој утре од 20 часот ќе истрча на „Телеком арената“ против македонскиот шампион. Турците нема што многу да калкулираат или кријат. Во Скопје ќе бидат со најсилниот свој состав со исклучок на Бразилецот Фернандао и Мехмет Екичи.

Според најавите, Фенербахче отворено офанзивно ќе настапи на дуелот против Вардар со холандската ѕвезда Робин Ван Перси како најистурен во нападот, а негова поддршка ќе бидат по страничните позиции Мароканецот Набил Дирар и Французинот Валбуена.

Во средниот ред се Озан Туфан, Алпер Потук и Бразилецот Де Соуза, а во одбраната Чилеанецот Исла, па Нојштатер, Мартин Шрктел и Хасан Али Калдирим. На голот ќе биде Камерунецот Карлос Камени, место капитенот Волкан Демирел.

Последните тренинзи со Фенербахче пред патувањето за Скопје ги одработи и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, кој сепак се уште нема право на официјални натпревари за клубот. Се уште Елмас и клубот ја чекаат дозволата од ФИФА и УЕФА за регистрација за клубот по неговото навршување 18 години.

Elmas vo Fener

Фенербахче денеска на „Телеком Арената“ ќе го одработи и официјалниот тренинг од 19 часот. Претходно од 18:30 часот тренерот Ајкут Кочаман ќе одржи и прес-конференција. Прес-конференцијата, пак, на Вардар е од 20 часот по што ќе следи и последниот тренинг пред утрешниот дуел.

Се вчитува...