Турците загубија од Финска, НЕМА ОСМИНАФИНАЛЕ за Македонија

ЕКИПА во Љубљана,

Катерина Павлова Николовска, Никола Ѓуровски

Одбојкарската репрезентација на Македонија нема да биде дел од осминафиналето на Европското првенство. Турците загубија од Финска со 3-2 во сетови и ја „повлекоа“ меѓу 16-те најдобри селекции на континенталниот одбојкарски собир. Секоја победа на Турците на вечерашниот последен меч од групата Ц ќе ја водеше Македонија во осминафиналето. Како четвртопласирана селекција од нашата група, Финска сега ќе вкрсти во осминафиналето со Франција.

Финска го доби првиот сет со 25-20, потоа Турците ги добија двата наредни сета (15-25, 18-25) и дадоа надеж дека Македонија ќе биде дел од осмиафиналето. Но, Финците не се предадоа, израмнија на 2-2, а потоа го добија и петтиот решавачки сет (15-12), со што се пласираа во нокаут фазата од континенталниот одбојкарски собир.

Македонија со две победи остана на петтата позиција во групата Ц и утре се враќа дома.

Се вчитува...