Тутоспорт: Елмас ќе го замени Инсиње против Јувентус

Елиф Елмас ќе добие шанса од првата минута на неделното дерби меѓу Јувентус и Наполи, најавуваат италијанските медиуми во пресрет на големата пресметка. Според весникот „Тутоспорт“, одлуката е веќе донесена и Гатузо веќе нема дилеми околу единаесетмината што ќе истрчаат на терен против Јуве.

Џенаро Гатузо се соочува со проблем по повредата на Лоренцо Инсиње, но стратегот на Наполи донел одлука – токму македонскиот репрезентативец да го заземе местото во тимот на дуелот со „старата дама“. Елмас влезе во игра на местото на Инсиње на дуелот со Џенова, успеа и да се запише меѓу стрелците, што беше доволна препорака за Гатузо да му укаже шанса од самиот почеток на дербито во Торино.

„Инсиње ќе паузира неколку натпревар, но кога станува збор за мечот со Јуве, тука одлуката е донесена – неговото место ќе му припадне на Елиф Елмас“, пишува „Тутоспорт“ како дел од најавата за големото дерби.

Се вчитува...