Планот на Јувентус како да се „откачи” од Манџукиќ

Хрватскиот напаѓач во Јувентус, Марио Манџукиќ падна во втор план со доаѓањето на Маурицио Сари на клупата на италијанскиот шампион и е блиску до напуштање на клубот.

Дури и да се случи тој да остане во Торино, италијанските медиуми се убедени дека тој ќе ја помине сезоната на клупата, со оглед на фактот дека не е пријавен и за настапите во Лигата на шампиони.

Весникот „Тутуспорт“ го открива планот на Јувентус за заминување на Манџукиќ и доаѓањето на Мауро Икарди од Интер. Челниците на Јувентус отпатуваа во Барселона за да преговараат со Каталонците. Понуден им беше 33-годишниот Манџукиќ во замена за 14 години помладиот дефанзивец Миранда. Притоа, тие би намалиле дел од платата на Манџукиќ од планираниот буџет на италијанскиот шампион и би отвориле простор за доведување на Икарди.

Според истиот извор, Јувентус ќе го чека крајот на преодниот рок за да тргне во преговори по Икарди, со надеж дека претходно ќе го продадат Пауло Дибала во ПСЖ .

Се вчитува...