У-14: Без победник со селекцијата на Словенија

Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 14 години ремизираше (2-2) со соодветната селекцијата на Словенија, на дуелот кој се одигра на гостински терен во Раденци.

Словенците имаа предност од 1-0, но избраниците на Неџат Шабани успеаја со головите на Крстевски и Ристиќ да дојде до пресврт од 1-2.

Сепак, Словенците успеаја да се спасат од пораз со голот на Ѓуздановиќ во 77. минута од средбата.

Се вчитува...