У-15: Реми со Хрватска на стартот од Турнирот на нациите во Италија

Македонската репрезентација за фудбалери до 15 години ремизираше (1-1) со Хрватска на стартот од настапите на Турнирот на нациите во Италија.

Во пресметката со Хрватите, Емир Саитовски беше стрелец на единствениот погодок за Македонија.

На Турнирот на Нациите учествуваат 16 репрезентации поделени во четири групи. Нашите млади фудбалери се дел од групата А во која се уште и домаќинот Италија и САД.

Во Б групата се репрезентациите на Англија, Јапонија, Обединетите Арапски Емирати и Чешка. Ц групата на сочинуваат селекциите на Словенија, Русија, Мексико и Романија, додека во последната Д група се Австрија, Португалија, Норвешка и Коста Рика.

Се вчитува...