У-16: Кадетите имаа водство од 1-3 но во последните минути испуштија триумф во Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 16 години одигра одличен пријателски натпревар на гостувањето против соодветната селекција на Црна Гора ремизирајќи на крајот, 3-3.

Кадетите на дуелот кој се одигра на тренинг центарот на Будуќност во Подгорица имаа водство од 1-3, но со два кола примени буквално во последните минути испуштија победа на тест дуелот.

Црногорците поведоа уште во 4. минута со голот на Вук Павичевиќ, но се понатака беше во знакот на избраниците на Раде Каранфилоски. Стефан Бранковски најпрво во 6. минута израмни на 1-1, Александар Грашевски во 28. минута донесе предност за Македонија од 1-2 а истиот играч во 66. минута зголеми и на 1-3.

Кога се чинеше дека ќе биде запишана победа, Црногорците со головите на Јовановиќ во 77. минута и на Џокај во 80. минута дојдоа до 3-3.

Македонија на дуелот во Подгорица настапи во следниот состав: 

Трајковски, Талески, Кесиќ, Стоилов, Бајрами, Ганиу (Буцевски 60′), Ангелески, Бранковски (Зумбери 74′), Грашески (Петрески 74′), Стаматоски, (Делов 80′), Дамјаноски (Варошановски 80′).

Селектор: Раде Каранфилоски.

Се вчитува...