У-16: Македонија подобра од Азербејџан, денеска против БиХ на УЕФА развојниот турнир во Сараево

Репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 16 години со победа од 2-0 (1-0) против соодветната селекција на Азербејџан го стартуваше учеството на УЕФА развојниот турнир во Сараево, БиХ.

Селекцијата на Марио Вујовиќ комплетно ги надигра Азербејџанците победувајќи го погодоците на Азер Омерагиќ во 29. минута и Фисник Салиу во 80. минута од средбата.

Во вториот натпревар на турнирот, Хрватска ја совлада БиХ со 5-4 по изведувањето на пеналите, откако во регуларниот дел мечот заврши без победник, 1-1.

Денеска на турнирот, Македонија ќе игра со домаќинот БиХ, а последниот натпревар со Хрватска е в недела, 15. април.

Марио Вујовиќ за турнирот во БиХ ги повика следните фудбалери: Алчевски Марко (Академија Пандев), Алекса Јорданов (Црвена Звезда, Србија), Филип Костовски (Њу Старс), Петелчук Антонолиј (Вардар), Асани Али (Вардар), Терзиев Спасе (Академија Пандев), Ѓурковски Александар (Вардар), Сали Јасин (Њу Старс), Горазд Стојменов (Њу Старс); Николов Иван (Академија Пандев) Илиевски Марко (Вардар), Тодоровски Димитар (Работнички), Владан Новевски (Војводина, Србија), Лука Станковски (Работнички), Саве Сврамовски (Црвена Звезда, Србија ), Васко Иванов (Академија Пандев), Костески Марио (Работнички), Салиу Фесник (Вардар) Максимов Методи (Работнички) и Азер Омерагиќ (Вардар).

Се вчитува...