У-16: Надежите со два гола примени во последните три минути загубија од Азербејџан

Младата репрезентација на Македонија до 16 години загуби со минимални 2-1 од соодветната селекција на Азербејџан на вториот контролен натпревар одигран помеѓу овие две селекции во Скопје.

На тренинг центарот „Петар Милошевски”, избраниците на селекторот Дашмир Беари имаа предност со 1-0 до пред самиот крај на мечот, но противникот со два брзи гола успеа да направи комплетен пресврт и да издвојува победа.

Сите погодоци беа постигнати во второто полувреме. Македонија во 60. минута преку Хисар Али поведе со 1-0. Во 87. минута Фарзулијаев го израмнува резултатот. Истиот играч во последната минута од судиското продолжение постигнува нов погодок за предност и победа на селекцијата на Азербејџан.

Македонија: Игор Ристов, Лука Атанасовски, Здравко Перески, Хисар Али, Каменчо Андоновски, Беркај Шаини, Онур Бешир, Никола Ангелов, Милош Спасовски, Адмир Латифи, Давид Ивановски;

Селектор: Дашмир Беари.

Се вчитува...