У-16: Пораз на втората контрола со Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 16 години загуби со 2-0 на вториот пријателски натпревар со соодветната селекција на Црна Гора.

На денешниот дуел кој се одигра на тренинг центарот на Будуќност во Подгорица, Црногорците победија со головите на Картал во 39. минута и Џукиќ во 45. минута.

На првиот тест дуел меѓу двете репрезентации, како што е познато, избраниците на Раде Каранфиловски ремизираа (3-3) во натпревар во кој имаа и водство од 1-3 со двата гола на Александар Грашевски и еден погодок на Стефан Бранковски.

Се вчитува...