У-16: Пораз во последните минути од Бугарија на турнирот „Миљан Миљаниќ“ во Србија

Кадетската репрезентација на Македонија за фудбалери до 16 години загуби и во натпреварот за третото место од Бугарија на меморијалниот турнир „Миљан Миљаниќ“ кој се игра во Стара Пазова, Србија.

Македонските репрезентативци загубија од Бугарите со 0-2 во самиот финиш од средбата. Бугарија до триумфот дојде со голови во 80. и во 90. минута од пенал.

Селекторот на репрезентација на Македонија до 16 години, Дашмир Беари, на меѓународниот турнир на располагање ги имаше следните фудбалери:

Онур Бешир (Шкендија), Игор Ристов (Академија Пандев), Горазд Ристовски (Црвена Звезда), Лука Атанасовски (Вардар), Емир Саботиќ (Вардар), Здравко Перески (Академија Пандев), Хисар Али (Шкендија), Фуркан Хирда (Шкупи), Стефан Младеновски (Црвена Звезда), Каменчо Андоновски (Работнички), Беркај Шаини (Работнички), Павел Трајковски (Македонија Ѓ.П.), Никола Ангелов (Академија Пандев), Златко Радевски (Вардар), Милош Спасовски (Вардар), Елдин Рамани (Работнички), Адмир Латифи (Македонија Ѓ.П., Давид Ивановски (Сент Гален, Швајцарија), Тома Георгиевски (Њу Старс), Петар Митревски (Саса Каменица).

Се вчитува...