У-17: И второ реми без голови на кадетите во Малта

Младата македонска репрезентација за фудбалери до 17 години ремизираше и на вториот пријателски натпревар за време на подготовките во Малта.

По ремито со селекцијата на Малта за фудбалери до 19 години, овој пат избраниците на Марио Вујовиќ ремизираа без голови и со селекцијата на домаќинот до 17 години. Во израмнет натпревар, Македонија најголемите шанси ги имала преку Иван Николов.

Третиот пријателски натпревар нашата селекција ќе го одигра утре од 18 часот.

Се вчитува...