У-18: Пораз на првиот контролен меч против Турција

Македонската репрезентација до 18 години загуби со 2-1 од Турција на првиот контролен натпревар на гостувањето во Турција.

Нашата селекција предводена од селекторот Добринко Илиевски одигра одличен натпревар против фаворизираната домашна репрезентација, но немавме среќа да се избориме за позитивен резултат. Автогол на Перчевски им донесе водство на Турците, а на 1-1 со ефектен гол израмни Дарко Чурлинов во 21. минута. Во второто полувреме, Турција ја обезбеди победата на првиот дуел.

МАКЕДОНИЈА до 18 години: Велковски, Пановски, Алексовски, Симоновски, Перчевски, Наумчевски, Љума, Чурлинов, Колевски, Фазлагиќ, Наумоски. Уште играат: Денковски, Ферати, Рамадани, Трпчевски, Елези, Тошевски, Додевски.

Се вчитува...